Комплекс Тафталиџе
Настел Тафталиџе се наоѓа на aтрактивна локација со развиена модерна инфраструктура, во близина на повеќе градинки, училишта, факултети, здравствени установи, супермаркети и трговски центари. Поставеноста на зградата, ориентацијата, проветрувањето, широките, непречени визури и поврзаноста со инфраструктурата ја прават оваа локација неповторлива.
Комплексот Настел Тафталиџе има 7 влезови кои етапно ќе се градат во три фази. Во првата фаза почнуваме со изградба на 4 ламели со приземје, девет ката и поткровје, 330 станови распоредeни во 4 влезови со по 2 лифта во влез и паркирање на едно ниво под објектите. Во приземјето се наоѓаат деловни простории со галерии и висина од 6m.