Објект Вива Водно
Објектот на Настел во населба Црниче, со прекрасни визури кон Скопје и Водно, е во завршна фаза на изградба. Тоа е мал, интимен, енергетски ефикасен станбен објект граден со најдобрите градежни материјали со 8 луксузни станови.
Термофасада
Настел обезбедува највисока енергетска ефикасност со термофасада од производителот BAUMIT – Австрија, со стиропор 8 см. Ова е најдобра фасада на европско ниво за обезбедување на високо ниво на термоизолациј, со гаранција од производителот – 30 години.
Конструкција
Армирана скелетна конструкција со проектирана и вградена марка на бетон МБ 30 и марка на бетон 35 МБ, исклучително од производителот Гранит АД со вградена арматура од железара Зеница. Ревизија на конструкцијата е изработена од Градежен факултет и Проф. д-р Горан Марковски, шеф на катедрата Бетон на факултетот.
Прозорци
Настел вградува исклучително тип на прозорец REHAU – Германија со SIEGENIA – Германија оков петкоморен профил со термоизолационо стакло К – стандард, полнето со АРГОН – гас. Овој тип на прозор е производ со најдобрар квалитет и најдобри параметри на нашиот пазар. Максимална звучна и термоизолација и аштеда до 35% електрична енергија во лето, а 35% заштеда на топлина во зима. Гаранција од производителот – 30 години.
Плочки
Италјански ѕидни и подни плочки Atlas Concord, дим. 30 x 60cm и 30 x 30cm со сјајна глазура или матирани, со апликации и бордури во различни бои: црна/бела, браон/беж, бордо/бела, сиво/сепиа. Сите плочки кои ги вградуваме се прва класа и имаат 5 години гаранција.
Санитарии и батерии
IDEAL STANDARD – Франција, висок квалитет, прва класа и 5 години гаранција
Бамбусов паркет
Паркетот од бамбус е полесен, а истовремено и до 30 проценти потврд од дабовиот паркет. Тој уште во фабриката се лакира со повеќе слоеви акрилен лак, со што се заштитува од било какво присуство на честичките прашина, што го прави антиалергиски.
Паркетот од бамбус се вбројуваат во “eco-friendly” материјали. Тој спаѓа во фамилијата на треви и во природата се обновува на секои три до пет години. Користењето на паркет од бамбус дава допринес во зачувувањето на шумите поради тоа што тој е еден од најбрзо растечките видови во светот, прилагодлив на различни услови.