Квалитет

ВАЖНИ АСПЕКТИ ПРИ КУПУВАЊЕ СТАН

КВАЛИТЕТ Инвестираме во најквалитетни градежни материјали, опрема од врвни брендови и укажуваме особено внимание на постојана контрола од 12 инженери на Настел и стручни надворешни соработници на најголемите добавувачи со цел да се достигне врвен квалитет при градењето.

ЛОКАЦИЈА Поставеноста на зградата, ориентацијата, широките, непречени визури и поврзаноста со инфраструктурата (близината на градинки и училишта, продавници, паркови и јавен превоз) ја определуваат вредноста на имотот и начинот и квалитетот на животот.

ФУНКЦИОНАЛНОСТ За поголем комфор при живеењето становите се со максимална искористеност на просторот, светли и модерни ентериери, големи тераси, зградите се со широки, природно осветлени ходници, два брзи лифтови во влез и подземен паркинг.

СИГУРНОСТ Брзината на градба, исполнување на роковите за добивање клуч на рака, долгорочните гаранции за вградените материјали и долгогодишната традицијата на пазарот во Макдонија им дава сигурност на нашите клиенти за инвестиција во недвижен имот од Настел.

ЦЕНА Енергетската ефикасност, економичноста, атрактивната локација и околната инфраструктура, функционалноста на становите, комфорот на зградата и сигурноста на Вашата инвестиција формираат цена кое е најдоброто нешто кое го нудиме во однос со квалитетот кој го добивате.

КРЕДИТИРАЊЕ Предимотните листови на Настел, поради високиот кредибилитет и финансиска стабилност на компанијата во банкарскиот сектор, се прифаќаат за хипотека и обезбедување на кредит по најповолни услови и забрзана процедура при одобрување.

Нова генерација на Rehau прозорци

Настел гради современи енергетски ефикасни домови со термо фасада BAUMIT Австрија со дебелина од 10cm, новата генерација на Rehau прозорци и комбиниран ѕиден систем на Knauf со термоблокови со што обезбедува одлични термички и звучни показатели. Настел гради домови кои ќе Ви заштедат енергија и пари.

Фасада и термодинамика

Настел обезбедува највисока енергетска ефикасност со контактна ксинти термофасада од производителот BAUMIT – Австрија, со стиропор 10 см и завршно обработена со силиконски абриб. Ова е најдобра фасада на европско ниво за обезбедување на високо ниво на термоизолација за која производителот дава 30 години гаранција. Целосниот систем по кој градиме, термофасадата и Rehau Geneo прозорците ќе Ви заштедат до 6 пати повеќе енергија и пари.

Прозорци

Настел вградува тип на прозорец GENEO од производителот REHAU од Германија, кој е шесткоморен профил со 3 стакла, К – ниско емисионо стакло и термоизолационо 4сезонско стакло, полнето со АРГОН – гас. Овој тип на прозор е производ со најдобрар квалитет и најдобри параметри на нашиот пазар. Максимална звучна и термоизолација и заштеда до 76% електрична енергија во лето, а 76% заштеда на топлина во зима. Гаранција од производителот е 30 години.

Преграден ѕид: стан – стан , стан – ходник

Настел од 2014 години за прв пат во Македонија го примена на комбиниран ѕиден преграден систем помеѓу становите и заедничките простории и ходниците. Се работи за ѕидарија од термоблокови NEXE со дебелина од 20cm со 5 комори кои се опшиени со Кнауф W623, односно конструкција од 5cm која е целосно исполнета со камена волна и затворена со две гипс картонски плочи. На овој начин обезбедуваме одлична звучна изолација од над 60dB, многу повисока од стандардниот норматив.

Преграден ѕид во стан – Knauf W112

Овој ѕид има подобра звучна и топлинска заштита од класичниот малтерисан ѕид. Градењето со овој тип на ѕид нуди одлична флексибилност, функционалност, естетика. Лесната изведба може многу брзо да го измени распоредот во Вашиот стан, во зависност од новите потреби. Ѕидот W112 исто така е одлично решение за прицврстување на товари. Овој ѕиден систем и адекватната типла држат навистина сè.

Паркет

Самба повеќеслојниот паркет со дебелина од 14 mm фабрички импрегниран и обработен со висок сјај лесно се чисти и отпорен е на гребење. Како целосно природен производ кој го инсталираме со соодветен италијански двокомпонентен лепак е еден од најдобрите решенија на подни системи кој во моментот се користи во Европа. Овој производ има одличен клик клак систем при монтажа и затоа и неприметни фуги. Завршната обработка му е со еден од најтрајните лакови на пазарот и затоа има голема отпорност на оштетување. Како резултат на тоа, Tarkett паркетот се карактеризира со висок квалитет и перформанси, за кои производителот дава 10 години гаранција.

Плочки

Италјански ѕидни и подни плочки Atlas Concord,  со модерни димензии од 91,5 x 30,5cm со сјајна глазура и природни бои, длабоки нијанси и мермерни камени ефекти. Плочките кои ги вградуваме се прва класа, ласерски сечени со бела паста и имаат 5 години гаранција.

Санитарии и батерии

Во тоалетите вградуваме санитарии од францускиот производител Ideal Standard или од шпанскиот производител Roca и санитарни батерии од Grohe. Се работи за  прва класа производи со врвен квалитет за кој производителите даваат 5 години гаранција.

Внатрешни и надворешни врати

Настел вградува  модерен дизајн на внатрешни и сигурносни врати од производната програма на DiPORTE од Италија. Внимателниот избор на најквалитетни италијански материјали и на најсовремената западна технологија на компјутерско-нумерички управувани машини. Сигурносната влезна врата е блиндор врата, противпожарна, обложена со дрво. Внатрешните врати се со прави каси и магнетни брави, висока естетика и одличен изглед.

Ходници и скали

ГРАНИТ плочки – дим. 60 x 60 x 2 см; гранитни скали со ширина 140см. Цврст материјал со голема отпорност на абење, со 50 години гаранција

Огради

INOX метал со висок сјај. INOX е метал со цврстина на челик. Безбедност и естетика на високо ниво. Гаранција 10 години.

Декоративни лајсни

Декоративните лајсни кои ги поставуваме околу фасадната столарија се од производителот Bovelacci од Италија, со традиција од 160 година ова е една од најреномираните производители за украсни фасадни елементи во светот.

Електрична опрема

Настел најчесто користи електрична опрема од Merlin-Gerlin Франција, која има 5 години гаранција.

Армирано-бетонска скелетна конструкција со проектирана и вградена марка на бетон МБ 30 и марка на бетон  35 МБ, во зависност од проектот, исклучително од реномирани и квалитетни производителите , со вграден челик од железара Зеница. Ревизија на конструкцијата на проектите на Настел ги изработува Градежен факултет и Проф. д-р Горан Марковски, шеф на катедрата Бетон на факултетот. При изградбата секогаш ги избираме најдобрите изведувачи на градежно занатски работи, кои работат со современи технологии и опрема и имаат добро обучени мајстори, стручен и лиценциран кадар. Во текот на изведување на градбата Настел постојано на објект има свој надзор- инженер и техничко лице.

Настел инвестира во постојан развој на полето на проектирање и изведба на станбени и деловни објекти, и во развој во насока на заштита на животната средина, и континуирано се стреми кон подобрување и унапредување на градежните стандарди на нашиот пазар. Нудиме врвен производ, по достапни услови согласно барањата и потребите на клиентите, притоа водејќи грижа за животната средина и заедницата.

  1. Применуваме енергетски ефикасни решенија
  2. Применуваме нови техники и технологии под надзор на високо стручно обучени и оспособени кадри
  3. Вградуваме врвни материјали и опрема
  4. Користиме еколошки градежни материјали
  5. Имаме долгогодишна соработка со овластени изведувачи на гредежни и градежно занатски работи, кои располагаат со сертификати за квалитет и современа опрема и механизација
  6. Инсистираме на постојано следење и примена на светските трендови во градежништвото