За Нас

Настел е компанија која развива недвижен имот во држата (real estate developer), станбени и деловни објекти кои се синоними за сигурна и квалитетна градба. Основач на компанијата е Euro Suisse Credit AG, акционерско друштво со седиште во Вадуц. Со реална актива од 50милиони евра, Настел е финансиски моќна компанија да ги самофинансира своите проекти.

Нашите објекти се потврда за сигурност, квалитет, брзина и професионалност за кои се залагаме. Со стекнатото искуство од над 20  изградени објекти низ Скопје, Настел континуирано го подобрува квалитетот и ги поставува трендовите во градежништвото во Македонија.

Пред сè веруваме во задоволни купувачи и инсистираме на професионално, одговорно и навремено извршување на обврските кон нашите клиенти и соработници. Наш главен приоритет е обезбедување на квалитетно еко домување, притоа ставајќи главен акцент на сигурноста, енергетската ефикасност на објектите за намалување на негативните влијанија врз животната средина и штедење енергија, и квалитетот на градежните материјали и вградената опрема.

Со континуирано следење на современите технологии и модели на градење, како и нивна примена, постојана соработка со иновативни компании во областа на градежништвото и инвестиција во најквалитетни градежни материјали со одлични термички, акуситични и хидроизолациски својства за кои секогаш обезбедуваме најдолги гаранции, Настел гради домови по врвни стандарди.

Материјалите и опремата која ја вградуваме се исклучиво од брендирани европски и светски производители за чиј квалитет гарантираат производителите и дистрибутерите на истите. За да обезбеди успешност во изработката и градењето, Настел има свој стручен и лиценциран кадар за надзор на изведбата на објектите со што се осигурува квалитетот при градењето.

Менаџерскиот тим на НАСТЕЛ ДОО Скопје

Зоран Азманов –  Претседател на надзорен одбор

Наташа Азманова – Извшен директор azmanova@nastel.com.mk

Биљана Велјановска –  Финансов директор b.veljanovska@nastel.com.mk

Дијана Филимановска – Правен директор dijana@nastel.com.mk

Арсо Јаневски –  Комерцијален директор arso.j@nastel.com.mk

 

 

 

 

Г-дин Зоран Азманов
 

Дипломира Економија на Св. Кирил и Методиј во Скопје во 1983 година

MBA Texas Tech University, Lubock во 1990 година, во САД како стипендист на американската амбасада во Белград

Специјализира контрола на памук во USDA Cotton classing School, Backersfield, USA

Член на Управен одбор на Euro Suisse Credit AG

Член на Управен одбор на Трува – Турција

Претседател на Управен одбор на Интекс АД – Скопје

Претседател на Управен одбор на ХПСИ – Скопје

Претседател на Управен одбор на Алпина Инженеринг ДООЕЛ Скопје

Настел ДОО е управуван од менаџерски тим на чело на кој стои Претседател на надзорен одбор, Зоран Азманов. Во својата богата кариера Зоран Азманов како Претседател на Настел експорт, за своите успеси во извозот од 20 милиони $ годишно на текстилни производи, Г-дин Азманов од страна на “Wal-Mart” во Соединетите Американски Држави со признание INTERNATIONAL SUPPLIER OF THE YEAR 2000 / најдобар добавувач во светот за 2000та година/, која се доделува исклучиво на одговорни и најуспешни компании кои стојат секогаш зад својот производ и се посветени да ги задоволат потребите на крајниот купувач.

Во периодот 1995 – 2005 година, Г-дин Зоран Азманов во неговите 4 фабрики : Датекс, Натекс, Еуротекс и Настел Трикотажа, вработува 1.500 текстилни работници и нема задоцнето ниту една плата кон вработените. Азманов преку Настел Експорт и Интекс АД – Скопје, има извезено и наплатено извоз од Р.Македонија на американскиот и германскиот пазар повеќе од 200 милиони долари вредни текстилни производи. Од 1998 – 2005 година е клучен добавувач за Victoria’s Secret и Wal-Mart USA Department и беше прогласен во тој период “KING OF THE LADIES’ DORMS”.

Во 2001 година Г-дин Зоран Азманов го купува управувачкиот пакет во ГП Бетон АД-Скопје, кое во тој момент е во огромни долгови од 12 милиони евра, со 4 неисплатени плати и неисплатени придонеси за плати за 12 месеци. Во период од само 6 години Г-дин Зоран Азманов заедно со менаџерскиот тим на ГП Бетон АД ги исплаќа сите долгови, придонеси и сите плати на работниците, откако го подигна бонитетот на фирмата со исплата на сите договори.

Г-дин Зоран Азманов од 2001 до 2007 година раководи со 1.500 работници, од кои 150 инженери и никогаш нема отпуштено ниту еден вработен поради недостаток на работа или превработеност и ги има исплатено сите обврски кон вработените по основ плати и придонеси во целост, што зборува за неговата опшествена одговороност.

Во јуни 2007 година управувачкиот пакет во ГП Бeтон АД, Г-дин Азманов го продава на Минчо Јорданов. Фирмата е расчистена од сите долгови, понудено му е да остане во управниот одбор, а 6 месеци и по негово излегување од ГП Бетон АД, Г-дин Азманов одликуван е од новите сопственици и Управен одбор, со посебна благодарница со сребрена плакета и сребрен медал за заслугите кои ги има за оваа позната градежна фирма.

Г-дин Зоран Азманов со квалитетите за лидерство, организациони способности и чувство за правилно инвестирање во вистински фирми во вистинско време, заедно со менаџерскиот тим на Настел ДОО – Скопје, успеа од 2 милиони евра оснивачки влог во 2002 година за нешто помалку од 10 години, да ја изигне во една од економски најмоќните компании во Р.Македонија, со реална актива од 50 милиони евра.

ПРАВИЛНИК ЗА ЗАШТИТЕНО ВНАТРЕШНО ПРИЈАВУВАЊЕ

Pravilnik ZZU

Врз основа на член 4 став 6 од Законот за заштита на укажувачи „Службен весник на РМ“, бр. 196/15 и Правилникот за насоки за донесување на внатрешни акти за заштитено внатрешно пријавување во правно лице во приватниот сектор „Службен весник на РМ“, бр. 46/16