Аеродром 2 Воен базен

Во непосредна близина на Воен базен  и Воениот хотел во Аеродром, Настел во април 2014 започна со изградба на 2 нови објекти.

Објектот Аеродром 2 е комлетно изграден и има само уште еден слободен стан. Во текот на месец јуни 2016година ќе излезат имотните листови за становите.

За да се информирате со кои материјали градиме погледнетен во секцијата КВАЛИТЕТ И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ.

Воен базен Аеродром
Новопроектирана бр. 3
Нема податоци...

Конструкција

Армирана скелетна конструкција со проектирана и вградена марка на бетон МБ 30 и марка на бетон  МБ 35 ,  од производителот Гранит АД и АДГ АБ со вградена арматура од железара Зеница. Ревизија на конструкцијата е изработена од Градежен факултет и Проф. д-р Горан Марковски, шеф на катедрата Бетон на факултетот.

Изведувачот на бетонски и армирачки работи, Голден АРТ кој работи со современи технологии и опрема и имаат добро обучени мајстори, стручен и лиценциран кадар. Во текот на изведување на градбата Настел постојано на објект има свој надзор - инженер и техничко лице.

Фасада

Настел обезбедува највисока енергетска ефикасност со контактна термофасада од производителот BAUMIT - Австрија, со стиропор 10 см и завршно обработена со силиконски абриб. Ова е најдобра фасада на европско ниво за обезбедување на високо ниво на термоизолација за која производителот дава 30 години гаранција. Целосниот систем по кој градиме, термофасадата и Rehau Geneo прозорците ќе ви заштедат до 3 пати повеќе енергија и пари. Фасадате е збогатена со декоративни лајсни кои ги оквират прозорците.

Прозорци

Настел вградува исклучително тип на прозорец GENEO од производителот REHAU од Германија, кој е шесткоморен профил со 3 стакла, К - ниско емисионо стакло и термоизолационо 4сезонско стакло, полнето со АРГОН - гас. Овој тип на прозор е производ со најдобрар квалитет и најдобри параметри на нашиот пазар. Максимална звучна и термоизолација и заштеда до 76% електрична енергија во лето, а 76% заштеда на топлина во зима. Гаранција од производителот е 30 години.

Звучна изолација

Настел гради со комбиниран ѕиден преграден систем помеѓу становите и према заедничките простории и ходниците, односно со ѕидарија која е опшиена со Кнауф W623, односно двострана конструкција на ѕиданите ѕидови од 3cm која е целосно исполнета со камена волна и затворена со две гипс картонски плочи од дветте страни. На овој начин обезбедуваме звучна изолација над 50Db што е далеку повисоко од стандардниот норматив.

Плочки

Италјански ѕидни и подни плочки Atlas Concord,  со модерни димензии од 91,5 x 30,5cm со сјајна глазура и природни бои, длабоки нијанси и мермерни камени ефекти. Сите плочки кои ги вградуваме се прва класа, ласерски сечени со бела паста и имаат 5 години гаранција.

Санитарии и батерии

Во тоалетите се вградени санитарии од францускиот производител IDEAL STANDARD. Се работи за  прва класа производ со врвен квалитет за кој производителот дава 5 години гаранција.

Таркет

Самба повеќеслојниот паркет со дебелина од 14 mm фабрички импрегниран и обработен со висок сјај лесно се чисти и отпорен е на гребење. Како целосно природен производ кој го инсталираме со соодветен двокомпонентен лепак е еден од најдобрите решенија на подни системи кој во моментот се користи во Европа. Овој производ има одличен клик клак систем при монтажа и затоа и неприметни фуги. Завршната обработка му е со еден од најтрајните лакови на пазарот и затоа има голема отпорност на оштетување. Како резултат на тоа, Tarkett паркетот се карактеризира со висок квалитет и перформанси, за кои производителот дава 10 години гаранција.

Надворешни и внатрешни врати

Настел вградува  модерен италијански дизајн на внатрешни и сигурносни врати од производната програма на DiPORTE од Италија. Внимателниот избор на најквалитетни италијански материјали и на најсовремената западна технологија на компјутерско-нумерички управувани машини.

Ходници и скали

ГРАНИТ плочки - дим. 45 x 45 x 2 см; гранитни скали -дим. 140 x 3 x 31 см. Цврст материјал со голема отпорност на абење, со 50 години гаранција

Огради

INOX метал со висок сјај. INOX е метал со цврстина на челик. Безбедност и естетика на високо ниво. Гаранција 10 години.