Ново Лисиче 3.15

Во непосредна близина на бензинската Макпетрол на Фебруарски поход Настел во април 2014 започна со изградба на 2 нови објекти, објектот Ново Лисиче 3.15 е мала зграда лепенка со приземје и 5 ката.

Објектот е комплетно завршен и се вселува, и во него нема слободни станови.

За да се информирате со кои материјали градиме погледнетен во секцијата КВАЛИТЕТ И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ.

Нема податоци...

Настел гради современи енергетски ефикасни домови со термо фасада BAUMIT Австрија ја со дебелина од 10cm, новата генерација на Rehau прозорци и комбиниран ѕиден систем на Knauf со термоблокови со што обезбедува одлични термички и акустични показатели. Настел гради домови кои ќе ви заштедат енергија и пари.

Конструкција

Армирана скелетна конструкција со проектирана и вградена марка на бетон МБ 30 и марка на бетон  МБ 35 ,  од производителот Гранит АД. Ревизија на конструкцијата е изработена од Градежен факултет и Проф. д-р Горан Марковски, шеф на катедрата Бетон на факултетот.

Изведувачот на бетонски и армирачки работи, Рапид Билд, работи со современи технологии и опрема и имаат добро обучени мајстори, стручен и лиценциран кадар. Во текот на изведување на градбата Настел постојано на објект има свој надзор - инженер и техничко лице.

Фасада и термодинамика

Настел обезбедува највисока енергетска ефикасност со контактна термофасада од производителот BAUMIT - Австрија, со стиропор 10 см и завршно обработена со силиконски абриб. Ова е најдобра фасада на европско ниво за обезбедување на високо ниво на термоизолација за која производителот дава 30 години гаранција. Целосниот систем по кој градиме, термофасадата и Rehau Geneo прозорците ќе ви заштедат до 3 пати повеќе енергија и пари.

Звучна изолација

Овој објект го градиме со комбиниран ѕиден преграден систем со ѕидарија на термоблокови од 20cm кои ги опшиваме со Кнауф W623, односно конструкција од 3cm која е исполнета со камена волна и затворена со две гипс картонски плочи. На овој начин обезбедуваме звучна изолација над 50Db што е далеку повисоко од стандардниот норматив.

Прозорци

Вградени се прозорци REHAU - Германија со SIEGENIA - Германија оков петкоморен профил со четирисезонско термоизолационо стакло полнето со АРГОН - гас. Овој тип на прозор е производ со одличен квалитет и обезбедува максимална звучна и термоизолација, како и заштеда на 35% електрична енергија во лето, а 35% заштеда на топлина во зима. Гаранција од производителот - 30 години.

Плочки

Италјански ѕидни и подни плочки Atlas Concord,  со модерни димензии од 91,5 x 30,5cm со сјајна глазура и природни бои, длабоки нијанси и мермерни камени ефекти. Сите плочки кои ги вградуваме се прва класа, ласерски сечени со бела паста и имаат 5 години гаранција.

Санитарии и батерии

Во тоалетите се вградени санитарии од францускиот производител IDEAL STANDARD. Се работи за  прва класа производ со врвен квалитет за кој производителот дава 5 години гаранција.

Таркет

Самба повеќеслојниот паркет со дебелина од 14 mm фабрички импрегниран и обработен со висок сјај лесно се чисти и отпорен е на гребење. Како целосно природен производ кој го инсталираме со соодветен двокомпонентен лепак е еден од најдобрите решенија на подни системи кој во моментот се користи во Европа. Овој производ има одличен клик клак систем при монтажа и затоа и неприметни фуги. Завршната обработка му е со еден од најтрајните лакови на пазарот и затоа има голема отпорност на оштетување. Како резултат на тоа, Tarkett паркетот се карактеризира со висок квалитет и перформанси, за кои производителот дава 10 години гаранција.

Надворешни и внатрешни врати

Настел вградува  модерен италијански дизајн на внатрешни и сигурносни врати од производната програма на DiPORTE од Италија. Внимателниот избор на најквалитетни италијански материјали и на најсовремената западна технологија на компјутерско-нумерички управувани машини.

Ходници и скали

ГРАНИТ плочки - дим. 45 x 45 x 2 см; гранитни скали -дим. 140 x 3 x 31 см. Цврст материјал со голема отпорност на абење, со 50 години гаранција

Огради

Алуминиумски огради со висок сјај. Безбедност и естетика на високо ниво. Гаранција 10 години.