Аеродром 3 Воен базен

Во непосредна близина на Воен базен  и Воениот хотел во Аеродром, Настел во април 2014 започна со изградба на 2 нови објекти. Објектите се завршени и вселени.

За да се информирате со кои материјали градиме погледнетен во секцијата КВАЛИТЕТ И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ.

Аеродром Воен базен, Скопје Новопроектирана бр.2
Нема податоци...

Конструкција

Армирана скелетна конструкција со проектирана и вградена марка на бетон МБ 30 и марка на бетон  МБ 35 ,  од производителот Гранит АД и АДГ АБ со вградена арматура од железара Зеница. Ревизија на конструкцијата е изработена од Градежен факултет и Проф. д-р Горан Марковски, шеф на катедрата Бетон на факултетот.

Изведувачот на бетонски и армирачки работи, Голден АРТ кој работи со современи технологии и опрема и имаат добро обучени мајстори, стручен и лиценциран кадар. Во текот на изведување на градбата Настел постојано на објект има свој надзор – инженер и техничко лице.

Фасада и термодинамика

Настел обезбедува највисока енергетска ефикасност со контактна термофасада од производителот BAUMIT – Австрија, со стиропор 10 см и завршно обработена со силиконски абриб. Ова е најдобра фасада на европско ниво за обезбедување на високо ниво на термоизолација за која производителот дава 30 години гаранција. Целосниот систем по кој градиме, термофасадата и Rehau Geneo прозорците ќе ви заштедат до 3 пати повеќе енергија и пари.

Прозорци

Настел вградува исклучително тип на прозорец GENEO од производителот REHAU од Германија, кој е шесткоморен профил со 3 стакла, К – ниско емисионо стакло и термоизолационо 4сезонско стакло, полнето со АРГОН – гас. Овој тип на прозор е производ со најдобрар квалитет и најдобри параметри на нашиот пазар. Максимална звучна и термоизолација и заштеда до 76% електрична енергија во лето, а 76% заштеда на топлина во зима. Гаранција од производителот е 30 години. Она што го прави посебен е високотехнолошкиот материјал со влакнесто мрежно врзување  кој што овозможува голема стабилност на профилот. Во 90 % од примените веќе не се потребни челични армирања  како кај другите прозорски профили.  На тој начин со ГЕНЕО се добиваат најдобри вредности на топлинска изолација, бидејќи топлинските мостови кои што се создаваат при примена на челик отпаѓаат. Информирајте се повеќе тука.

Звучна изолација

Овој објект го градиме со комбиниран ѕиден преграден систем со ѕидарија на термоблокови од 20cm кои ги опшиваме со Кнауф W623, односно конструкција од 5cm која е исполнета со камена волна и затворена со две гипс картонски плочи. На овој начин обезбедуваме звучна изолација од 60Db што е далеку повисоко од стандардниот норматив.

Плочки

Италјански ѕидни и подни плочки Atlas Concord,  со модерни димензии од 91,5 x 30,5cm со сјајна глазура и природни бои, длабоки нијанси и мермерни камени ефекти. Сите плочки кои ги вградуваме се прва класа, ласерски сечени со бела паста и имаат 5 години гаранција.

Санитарии и батерии

Во тоалетите се вградени санитарии од францускиот производител IDEAL STANDARD. Се работи за  прва класа производ со врвен квалитет за кој производителот дава 5 години гаранција.

Таркет

Самба повеќеслојниот паркет со дебелина од 14 mm фабрички импрегниран и обработен со висок сјај лесно се чисти и отпорен е на гребење. Како целосно природен производ кој го инсталираме со соодветен двокомпонентен лепак е еден од најдобрите решенија на подни системи кој во моментот се користи во Европа. Овој производ има одличен клик клак систем при монтажа и затоа и неприметни фуги. Завршната обработка му е со еден од најтрајните лакови на пазарот и затоа има голема отпорност на оштетување. Како резултат на тоа, Tarkett паркетот се карактеризира со висок квалитет и перформанси, за кои производителот дава 10 години гаранција.

Надворешни и внатрешни врати

Настел вградува  модерен италијански дизајн на внатрешни и сигурносни врати од производната програма на DiPORTE од Италија. Внимателниот избор на најквалитетни италијански материјали и на најсовремената западна технологија на компјутерско-нумерички управувани машини.

Ходници и скали

ГРАНИТ плочки – дим. 60 x 60 x 2 см; гранитни скали -дим. 140 x 3 x 31 см. Цврст материјал со голема отпорност на абење, со 50 години гаранција

Огради

INOX метал со висок сјај. INOX е метал со цврстина на челик. Безбедност и естетика на високо ниво. Гаранција 10 години.