Комплекс Ново Лисиче

Комплексот на Настел во Ново Лисиче е изграден во 2012 година. Оваа населба изобилува со добра инфраструктура, одлични конекции кон остатокот од градот и големи зелени појаси и игралишта за спортување.  Овој објект е граден со најдобрите градежни материјали со најдолги гаранции. Настел гради современи енергетски ефикасни домови со термо фасада BAUMIT Австрија ја со дебелина од 5cm со што обезбедува одлични термички и акустични показатели се домови кои ќе ви заштедат до енергија и пари и најважно обезбедува многу поздрава клима за живеење за сите нас.

Булевар АСНОМ 
1000 Скопје, Македонија
Нема податоци...

Термофасада

Настел обезбедува највисока енергетска ефикасност со термофасада од производителот BAUMIT - Австрија, со стиропор 8 см /10 см. Ова е најдобра фасада на европско ниво за обезбедување на високо ниво на термоизолациј, со гаранција од производителот - 30 години.

Прозорци

Настел вградува исклучително тип на прозорец REHAU - Германија со SIEGENIA - Германија оков петкоморен профил со термоизолационо стакло К - стандард, полнето со АРГОН - гас. Овој тип на прозор е производ со најдобрар квалитет и најдобри параметри на нашиот пазар. Максимална звучна и термоизолација и аштеда до 35% електрична енергија во лето, а 35% заштеда на топлина во зима. Гаранција од производителот - 30 години.

Бамбусов паркет

Паркетот од бамбус е полесен, а истовремено и до 30 проценти потврд од дабовиот паркет. Тој уште во фабриката се лакира со повеќе слоеви акрилен лак, со што се заштитува од било какво присуство на честичките прашина, што го прави антиалергиски.

Паркетот од бамбус се вбројуваат во “eco-friendly” материјали. Тој спаѓа во фамилијата на треви и во природата се обновува на секои три до пет години. Користењето на паркет од бамбус дава допринес во зачувувањето на шумите поради тоа што тој е еден од најбрзо растечките видови во светот, прилагодлив на различни услови.

Плочки

Ѕидни и подни шпански плочки KEROS, дим. 25 х 50 см и 33 x 33 со сјајна глазура или матирани, со апликации и бордури во различни бои: црна/бела, браон/беж, бордо/бела, сиво/сепиа. Сите плочки кои ги вградуваме се прва класа и имаат 5 години гаранција.

Санитарии и батерии

IDEAL STANDARD - Франција, висок квалитет, прва класа и 5 години гаранција

Ходници и скали

ГРАНИТ плочки - дим. 45 x 45 x 2 см; гранитни скали -дим. 140 x 3 x 31 см. Цврст материјал со голема отпорност на абење, со 50 години гаранција

Влезна врата

Сигурносна блиндор врата, противпожарна, обложена со дрво. Дебелина на врата 7 см, отпорна на обивање.

Внатрешни врати

Фурнирани италијански врати/бели /, заоблени каси со магнетна брава. Висока естетика и одличен изглед.

Огради

INOX метал со висок сјај. INOX е метал со цврстина на челик. Безбедност и естетика на високо ниво. Гаранција 10 години.

Електрична опрема

Настел најчесто користи електрична опрема од Merlin-Gerlin Франција, која има 5 години гаранција.

Имототен Лист

Види Документ