Објект ПУИГ

Во непосредна близина на Градскиот парк, во една од најубавите скопски населби во центарот на Скопје – Дебар Маало Настел заврши со изградба на станбен објект со 24 единици за домување. Објектот е изграден со најквалитетни градежни материјали и вградена е луксузна опрема од европски и светски производители кои даваат долгогодишни гаранции за квалитет. Со систем термо фасада BAUMIT Австрија и преграден Knauf ѕиден систем во комбинација со ѕигла има одлични термички и акустични показатели. Овој објект влегува во А класа домување и ви заштедува до 3 пати повеќе енергија и пари.

Посетете го објектот и уверете се во квалитетот со кој градиме.

ул. Домбас бр. 29 1000 Скопје, Македонија
Нема податоци...

Конструкција

Армирана скелетна конструкција со проектирана и вградена марка на бетон МБ 30 и марка на бетон  35 МБ,  исклучително од производителот Гранит АД со вградена арматура од железара Зеница. Ревизија на конструкцијата е изработена од Градежен факултет и Проф. д-р Горан Марковски, шеф на катедрата Бетон на факултетот.

Изведувачот на бетонски и армирачки работи, Голден АРТ, работи со современи технологии и опрема и имаат добро обучени мајстори, стручен и лиценциран кадар. Во текот на изведување на градбата Настел постојано на објект имаше свој надзор- инженер и техничко лице.

Термофасада

Настел обезбедува највисока енергетска ефикасност со контактна термофасада од производителот BAUMIT – Австрија, со стиропор 10 см и завршно обработена со силиконски абриб. Ова е најдобра фасада на европско ниво за обезбедување на високо ниво на термоизолација за која производителот дава 30 години гаранција.

Декоративни елементи

Декоративните лајсни кои ги поставуваме околу фасадната столарија се од производителот Bovelacci од Италија, со традиција од 160 година ова е една од најреномираните производители за украсни фасадни елементи во светот.

Прозорци

Настел вградува исклучително тип на прозорец GENEO од производителот REHAU од Германија, кој е шесткоморен профил со 3 стакла, К – ниско емисионо стакло и термоизолационо 4сезонско стакло, полнето со АРГОН – гас. Овој тип на прозор е производ со најдобрар квалитет и најдобри параметри на нашиот пазар. Максимална звучна и термоизолација и заштеда до 76% електрична енергија во лето, а 76% заштеда на топлина во зима. Гаранција од производителот е 30 години.

Преградни ѕидови

Кнауф ѕиден преграден систем кој обезбедува најдобра звучна изолација со вградување на дијамантските плочи на Кнауф комбиниран со ѕидање во санитарните јазли и према ходниците. Кнауф ѕидните системи се со далеку подобри акустични и термички показатели во однос на традиционалното градење, зголемена функционалност во просторот и здрава клима за живеење.  Информирајте се повеќе за Кнауф преградните системи и акустичните и термоизолациските показатели тука.

Водоводна инсталација

Системот за инсталации за вода за пиење РАУТИТАН нуди идеално системско решение од висококвалитетни цевки и фитинзи. Универзалните цевки РАУТИТАН во комбинација со одличната техника на поврзување со подвижна навлака  од полимерни и метални материјали се вистинско решение за секое барање. Системот РАУТИТАН е светски докажан систем за куќни инсаталции во поглед на беспрекорната хигиена, сигурност и едноставна монтажа.   За повеќе информации посетете ја страната на Rehau.

Плочки

Италјански ѕидни и подни плочки Atlas Concord,  со модерни димензии од 91,5 x 30,5cm со сјајна глазура и природни бои, длабоки нијанси и мермерни камени ефекти. Сите плочки кои ги вградуваме се прва класа, ласерски сечени со бела паста и имаат 5 години гаранција.

Санитарии и батерии

Во тоалетите се вградени санитарии од францускиот производител IDEAL STANDARD. Се работи за  прва класа производ со врвен квалитет за кој производителот дава 5 години гаранција.

Таркет

Самба повеќеслојниот паркет со дебелина од 14 mm фабрички импрегниран и обработен со висок сјај лесно се чисти и отпорен е на гребење. Како целосно природен производ кој го инсталираме со соодветен двокомпонентен лепак е еден од најдобрите решенија на подни системи кој во моментот се користи во Европа. Овој производ има одличен клик клак систем при монтажа и затоа и неприметни фуги. Завршната обработка му е со еден од најтрајните лакови на пазарот и затоа има голема отпорност на оштетување. Како резултат на тоа, Tarkett паркетот се карактеризира со висок квалитет и перформанси, за кои производителот дава 10 години гаранција.

Надворешни и внатрешни врати

Настел вградува  модерен италијански дизајн на внатрешни и сигурносни врати од производната програма на DiPORTE од Италија. Внимателниот избор на најквалитетни италијански материјали и на најсовремената западна технологија на компјутерско-нумерички управувани машини.

 Ходници и скали

ГРАНИТ плочки – дим. 45 x 45 x 2 см; гранитни скали -дим. 140 x 3 x 31 см. Цврст материјал со голема отпорност на абење, со 50 години гаранција

Огради

INOX метал со висок сјај. INOX е метал со цврстина на челик. Безбедност и естетика на високо ниво. Гаранција 10 години.

Основа на приземје

Види Документ

Основа на карактеристичен кат

Види Документ

Основа на поткровје

Види Документ